hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Ривера: „Бевме истата Шпанија од мундијалот„

rivera

Ракометната икона на клупата, фантастичниот Валерио Ривера ги одби сите шпекулации за заминување во Катар и ја мотивираше неговата одбрана чета за уште еден за нив сосема нормален натпревар, кој нам ни изгледаше како дуел на селекција од оваа и од друга планета. Каталонецот по мечот беше и дипломат и искрен.

„Ние бевме истиот организиран и сериозен тим од мундијалот. Скоро цел меч игравме во ист стил, со фантастична одбрана и Штербик. Можеби само во второто полувреме имавме три погрешни акции. Долго време го подготвувавме овој натпревар и одлично го подготвивме. Ова можеби е психолошки удар за вашата селекција, но едно е Македонија со Киро, а друго без Киро. Се надевам дека повредата не е толку сериозна. Следи нов меч, а ние мора да му се посветиме со истиот жар како вечерва во Скопје„ заклучи Ривера. Покрај серијата на клубски одличја, кои ги има преку 50 и светската круна, сега искусниот тренер тргнува можеби по единствениот трофеј кој му недостига, европското репрезентативно злато во Данска наредната зима.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share