hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Мојсоски: „Не треба да се разочаруваме, никогаш не сме играле со посилни„

naume

По натпреварот знаци на разочарување кај нашите навивачи, посебно кај оние кои многу очекуваа од дуелот со светскиот првак. Но ракометарот на Металург и нашиот организатор Наумче Мојсоски е свесен вечерва со кого игравме:

„Во Македонија никогаш не сме играле со посилен противник. Со нивната одбрана и фантастичниот Штербик уште на почетокот не неутрализираа и не успеавме да се вратиме во мечот. Сепак им порачувам посебно на младите момци во нашиот тим и на оние кои се вратија во репрезентацијата да не се обесхрабруваат затоа што има уште многу натпревари и шансите за пласман на европското првенство не се загубени„ рече стружанецот. Македонската репрезентација на крајот резултатски загуби слично како во 1998 година на европското првенство во Италија ,кога селектор беше Ванчо Јовановски.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share