hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

„Фуријата„ и без четворица делуваше како парна машина

spanija super sila

Љубителите на ракометот во нашата земја често имале можност да гледаат врвни репрезентации во нашата земја на официјални средби. Неколку пати гостувал врвниот Исланд со Олафур Стефансон, во Скопје ја поразивме Хрватска како олимписки шампион, Унгарија не совлада во квалификациите за Србија 2012 во меч без повредениот Кирил Лазаров, ја совладавме Силната Југославија 1999 година, но ваков ривал во нашата земја не гостувал.

Шпанија на најтрофејниот светски тренер Валерио Ривера и без четворица стандардни репрезентативци со половина „гас„ успеа да го сомеле нашиот национален тим. Како ли ќе беше ако во Скопје пристигнеа капитенот на последниот мундијал Алберто Ентрериос, Даниел Сармиенто и Хулен Агинагалде, а во пресрет на мечот се повреди уште еден соиграч на Лазаров од Атлетико Мадрид, Јоан Канељас. Штербик и другарите не лимитираа на многу мал број на голови, неизнудени грешки и резултатска дистанца која доведува до фрустрација. За нешто повеќе ќе мора да почекаме на поприфатлив противник, на пример Швајцарија во јуни.

Share