hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Утре епилогот за повредата на Кирил Лазаров

kiril lazarov 8

Најчесто поставуваното прашање по натпреварот со Шпанија сигурно е сериозноста на повредата на Кирил Лазаров. Како често во минатото, капитенот и покрај болките кои ги почувствува во вторникот на последниот тренинг, настапи против селекцијата на земјата каде настапува. И покрај ризикот почувствува дека болката е посилна од него и на половина полувреме го заврши својот натпревар. Дефинитивната дијагноза за неговата повреда ќе биде позната во четврток претпладне по снимката, а потоа ќе се знае кога Кирил Лазаров ќе се врати на ракометниот терен. Македонската репрезентација в петок изутрина преку Истанбул патува во Мадрид, а в недела во Гвадалахара го игра четрвтиот меч од квалификациите за ЕП во Данска 2014 година.

Share