hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Почит за Шпанија, но и Македонија има свои адути

obrvan 02 04 2013

Пред натпреварот на годината и гостувањето на светскиот првак Шпанија и најтрофејниот ракометен тренер во историјата Валеро Ривера, македонската ракометна јавност е „на нозе„ И на прес-конференцијата пред мечот се чувствува важноста на мечот и на бодовите. За македонските медиуми говореа селекторот Обрван и Филип Миркуловски, а капитенот Кирил Лазаров го најави мечот за шпанска „Марка„

 „Атмосферата е многу добра и позитивна, екипата го чека мечот максимално спремна во границите на своите можности. Тимот во овој момент е во многу добра состојба и спремно ја чекаме Шпанија. Македонија има свој квалитет што го покажа на ЕП во Србија, каде што направи добар резултат. Селекцијата можеби не беше на максимално ниво на СП во Шпанија иако и тој резултат не е за потценување. Ние утре играме со светски првак, ќе дадеме се од себе, Шпанија е фаворит, но нема да им дозволиме да победат само поради тоа. Од утрешниот дуел сакаме да извлечеме позитивна атмосфера, зашто имаме цел, а тоа е пласман на ЕП во Данска. Верувам во играчите. Играчите ги знам од клубовите против кои лани играв како тренер на Загреб. Краток е периодот нешто драстично да се смени, целта е да има се добра атмосфера, каде што ќе има хомогеност, играчите да дишат како еден. Многу детали не можеме ниту смееме да ги менуваме. Некои нови тактички замисли ќе има, но ќе задржиме многу од минатото. Тоа е единственото решение во овој момент. Не може да се смени се, така ќе имаме контраефект. Екипата 'дише' добро, играчите се во форма, очекувам тоа да го покажат и утре. Изненадувањата се можни, нема да биде 'лудо' изненадување ако победиме утре, но ќе биде изненадување. Можеме да победиме, можеме да ги повториме изданијата од ЕП во Србија. Сепак, за тоа ќе ни треба дисциплина на играта во одбраната и помалку технички грешки. Треба да се склопат многу коцки во мозаикот за да успееме, зашто од другата страна имаме екипа со многу екстра играчи на секоја позиција. Но, нив ги респектираме, но нема да им се плашиме", заврши селекторот Обрван.

„Утре се среќаваме со актуелниот светски првак, сите знаеме каква игра прикажаа Шпанците на последното Светско Првенство. Најважно е што атмосферата е на највисоко ниво, доста работевме на неа бидејќи беше малку нарушена по мундијалот во Шпанија. Противниците се можеби нешто подобри по квалитет, но никако нема да дозволиме да бидат поборбени од нас, напротив ќе дадеме се од себе, ќе изгинеме за секоја топка и бодрени од верните навивачи ќе се обидеме да стигнеме до победата. Ќе настојуваме да играме на победа, но и доколку не стигнеме до неа тоа нема да биде трагедија бидејќи шансите за пласман на мундијалот нема да бидат целосно загубени" рече пред новинарите Филип Миркуловски.

„Јасно е дека Шпанија е фаворит, а наша цел е да освоиме барем еден бод во двата натпревари. Со тоа би ги задржале шансите за настап во Данска 2014. Ракометот во Македонија е многу популарен, луѓето се во навивачки транс, особено по пласманот на Метаклург во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Салата ќе биде преполна, што ќе ни даде дополнителен мотив за успех. Имаме и добар состав, борбени и квалитетни ракометари и нема лесно да се предадеме. Јасно е дека и Шпанија го има истото, имаат и екстра квалитет, и не случајно се светски прваци" вели Кирил Лазаров за шпанскиот дневен весник „Марка„

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share