hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров не ги менува старите добри навики

kire 30 03

С. Енкантада - Атлетико Мадрид 26:27 (13:13)

По успешната недела и пласманот во четвртфиналето на Лигата на шампионите и полуфиналето на Купот на кралскиот Куп, успешната недела ракометарите на Атлетико Мадрид требаше да ја заокружат со победа на гостувањето во Куенка кај Сиудад Енкантада. И по рецептот од Берлин пак мораа да треперат до последниот напад и спасител да имаат во нашиот Лазаров. Така мадриѓани започнаа претпазливо и играа долго време во резултатски егал со Сиудад Енкантада. Мечот го отвори Еду Фернандез со водечки гол за Атлетико, но брзо возвратија домашните ракометари и Паломарес и Гомез доведоа до прво осетливо водство на Сиудад Енкантада (5:3) Хернандез и Гомез со два лесни гола од контра, на половина полувреме му носат 8:5 на домашната екипа. Тимот на Душебаев никако не можеше да влезе во ритам и само инвидуални моменти му носеа враќање во мечот. Со два гола од крилна позиција на Роберто Гарсија Парондо и првиот гол на Кирил Лазаров во 19 минута, гостите дојдоа до 9:8. По долго бркање на водството на Сиудад Енкантада, тимот од Мадрид со голот на Масач во 25 минута стигна до 12:12. Во 27 минута Хернандез ја прекина серијата од 6 минути без постигнат гол за домашната екипа, а Масач пред одморот израмни на 13:13.

И вториот дел започна во ист стил. Домашната екипа брзо поведе, но Атлетико Мадрид одговараше со голови, кои мечот го носеа во изедначена завршница. Калман од контранапад и Лазаров со нова „бомба„ во 35 минута за прв пат му носат +2 на Атлетико Мадрид. Мечот стана уште понервозен и Паломарес и Видал погодија кога противникот имаше човек помалку за 17:17 во 41 минута. Душебаев максимално ги ротираше своите, но почувствува дека Лазаров е во врвна форма и се потпре на него кога најмногу требаше. Македонскиот ас погоди два пати во една минута за 21:22 во 48 минута. Можеше да се претпостави дека и овој меч ќе биде драматичен се до последниот напад. Инестоза и Паломарес пак го враќаат водството кај Сиудад Енкантада, а во мечот во последните 5 минути се влезе со 25:24. Тогаш Јоан Канељас и пивотменот Ромеро погодија од две убави акции и Атлетико имаше 25:26. Но Давид Хименез под закана од пасивен напад на 67 секунди до крајот израмни. И пак како во Берлин тајм-аут, договор и вистинска стратегија. И пак истите ролји. Кирил Лазаров пак ја превзеде одговорноста и на 39 секунди до крајот погоди за 26:27. Европскиот вицешампион се одбрани во последниот напад и по истото сценарио од Берлин стигна до победа. Лазаров во вистински момент од сезоната влезе во топ-форма и Атлетико Мадрид тоа максимално го користи. Нашиот капитен постигна 6 гола, 5 додаде Гарсија Парондо, а норвежанецот Дал собра 15 интервенции. Кај Сиудад Енкантада Корзо Гомез постигна 9, а Паломарес 7 гола. Љубителите на ракометот во Куенка уживаа во прекрасен и драматичен натпревар. Експедицијата на Атлетико Мадрид во недела наутро се враќа во Мадрид, а нашиот капитен в недела вечер треба да се врати во Скопје и да им се приклучи на репрезентативните колеги во подготовката за двомечот со Шпанија во квалификациите за ЕП во Данска наредниот јануари 2014 година.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share