hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Атлетико Мадрид го обезбеди „билетот„ за Виго

kire 26 03 2013  3

Куп на шпанскиот Крал (Осминафинале - 2 меч)

Атлетико Мадрид - Грањолерс 33:28 (18:14)

Прв натпревар: Грањолерс - Атлетико Мадрид 25:30

Мечот од возвратната програма на четвртфиналето на Купот на Кралот, за Атлетико Мадрид беше еден вид формалност и прослава за пласманот меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите. Каталонскиот Грањолерс дојде во „Висталегре„ без ништо да загуби, а таквите противници се најопасни. Раул Кампос добро го отвори мечот и со два гола ги доведе гостите во рано водство (2:4).

Норвежанецот Дал со две врзани одбрани го инспирираше кам-бекот на екипата на Душебаев. По првиот седмерец кој го изнуди Лазаров и самиот го реализираше, можеше да се почувствуваат знаците на воодушевување кон нашито ас од мадридската публика (5:4) Од тоа водство па се до крајот на првиот дел, Атлетико Мадрид имаше минимална предност. Дал го одбрани седмерецот на Маласинскас, а Канељас од контранапад погоди за 7:5. Опоравениот Ферер од чекор погоди за 8:6, а по мини серијата од 3:1 на Грањолерс, пак возврати Лазаров. Македонецот погоди со скок-шут од игра за 11:10 во 21 минута. Веднаш потоа во првиот контакт со топката и Масач го зацврсти водството на домашниот тим. Кога Лазаров погоди по трет пат во 25 минута, при 15:13 гостинската клупа побара тајм-аут. Душебаев вртоглаво ги менуваше своите ракометари. Така Балиќ ефектно ја тресеше гостинската мрежа за 17:13, а младиот Антонио Диез брзо собра 4 одбрани. Во последната минута од првиот дел Гонзало Перез де Варгас му го одбрани седмерецот на Масач. Така на одмор се отиде со комотни 18:14, иако можеше да биде и поубедливо ако гостинскиот голман на крајот од полувремето не го одбранеше седмерецот на Лазаров.

На стартот од вториот дел, гостите предводени од добрата дефанзива и головите на Маласинскас и Арнау Гарсија се доближија на 18:17. Дури по две исклучувања на Калман и Гојун, каталонците дојдоа до 20:20 во 38 минута. Па по исклучувањето на Пујол, Атлетико Мадрид се врати во мечот и Јонас Калман намали на 21:22. Кога видоа дека станува сериозно, домашните ракометари преку Масач и Гојун дојдоа до ново водство (24:22) Балиќ и Еду Фернандез на два пати направија одлична конекција на централен разигрувач и пивотмен за 28:24 и извесен епилог. Дури ни борбениот Грундштен не им помогна на гостите од Грањолерс. Младиот Антонио Диез поврза неколку добри одбрани, а Гонзало дури од третиот свој обид намали на 26:24 во 50 минута. Во финишот домашната екипа погодуваше од контранапади за лесна победа. Гојун и Масач ја зголемија предноста на 29:25 во 54 минута. Замената за повредениот Агинагалде, корпулентиот Еду Фернандез се разигра на крајот од мечот и погоди по осми пат за 32:27. Финална победа од +4 за екипата на Душебаев со убедлив настап во поголемиот дел од мечот. Еду Фернандез со 8 и Гојун со 6 гола најефикасни во победничкиот тим. Кирил Лазаров беше автор на 4 гола.
Со оваа победа во двомечот ракометарите на Атлетико Мадрид обезбедија полуфинале и пласман на Final four турнирот на 4 и 5 мај во Виго.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share