Креаторите на победата, слават во Берлин
По тешката сезона преполна со се и сешто, со многу повреди, психолошки моменти, падови и подеми, конечно Атлетико Мадрид издвојува победа која може да биде пресвртница во сезоната. Јунаците на успехот Кирил Лазаров и Хозе Хавиер Омбрадос, кои и приватно се многу добри пријатели, заедно го славеа големиот успех среде Берлин.
Дека Омбрадос не е за пензија и дека има уште многу да му даде на својот клуб, овој меч беше најдобар показател. Дали ќе почека претседателската фотелја или капитенот има намера со голема титула да ја заврши импресивната сезона, ќе видиме во последните два месеци од сезоната. Едно е сигурно, капитенот на Македонија и капитенот на Атлетико Мадрид се добитна комбинација и со нив Атлетико Мадрид може да биде фаворит од сенка во завршните натпревари од Лигата на шампионите.