hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Шпанија - Македонија во Гвадалахара

Guadalajara1

Нашиот прв официјален предизвик по завршувањето на светското првенство е токму најсилната ракометна репрезентација, светскиот првак Шпанија. Познат е терминот на првата средба, која во Скопје на 3 април од 20:30 часот ќе биде деби на нашиот нов селектор против Валеро Ривера на спротивната страна.

Четири дена подоцна шпанската ракометна федерација ја одреди Гвадалахара како домаќин на четвртиот натпревар во квалификациите за европското првенство во Данска. Овој град беше домаќин на „President cup„ на кој играа селекциите од 16 до 24 место на неодамна завршениот мундијал. Арената „PALACIO MULTIUSOS DE GUADALAJARA AGUAS VIVAS„ собира 5.479 гледачи и ракометниот клуб Гвадалахара во оваа арена ги игра своите мечеви од ASOBAL лигата.

Share