hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров во стројот, утре се приклучуваат освојувачите на медали

kire 29 atle

По завршувањето на Светското првенство во Шпанија, сите интернационалци веќе се приклучија кон своите клубски стожери, бидејќи веќе наредниот викенд продолжуваат националните првенства, а наскоро следи и завршницата на групната фаза на Лигата на шампионите.

Така Кирил Лазаров во неделата попладне пристигна во Мадрид, а во понеделникот навечер го имаше и првиот тренинг со соиграчите. Талант Душебаев, кој минатиот викенд го мина во Барселона бодрејќи ја Шпанија„ дури утре ќе може да смета на сите ракометари кои учествуваа на светското првенство. Така по Лазаров и Бараше, на утринскиот тренинг утре ќе се појават „златните„ Хулен Агинагалде и Јоан Канељас „сребрениот„ Николај Маркусен и „бронзениот„ Јаков Гојун. Сите заеднички ги продолжуваат натпреварите на три фронта. Во шампионатот се зависи од лидерот Барселона, во Лигата на шампионите тимот на Лазаров ја мина групната фаза, а во Купот на шпанскиот крал следува четвртфиналето со Грањолерс.

Share