ВИДЕО: Мочаи: „Со одбраната ја добивме Полска, но со Данска мораме поинаку„
Еден од најискуните стручњаци на ова светско првенство сигурно е Лајош Мочаи. Унгарскиот тренерски мајстор веќе одржа лекција по тактика на осминафиналниот меч со Полска. Но Мочаи е свесен дека со Данска можеби ни перфектна тактика нема да биде доволна да се стигне до борбата за медали. „Ја згуснивме одбраната и тотално ги неутрализиравме противничките шутери. Тоа беше успешна стртегија за противник кој има тешки ракометари, но сега не чека сосема поинаква репрезентација како Данска. Ќе мора да ја затвориме одбраната на поинаков начин, бидејќи тие без исклучок имаат брзи ракометари на сите позиции. Инаку за фаворити на првенството пак сметам дека на врвот се французите, а навистина сум изненаден од начинот на игра на словенците„ ни рече селекторот на Унгарија и еден од оние со најдолг стаж во светот на машкиот репрезентативен ракомет. Од оваа година го отстапи тренерското место во Веспрем, но со репрезентацијата сака по четвртото место на Олимписките игри во Лондон, да додаде уште еден блескав резултат.