hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Германките Мерц и Кутлер ќе им судат на Фарски Острови и Македонија во Торшавн

mersv

Европската куќа на ракометот ги одреди судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од баражот за Светското првенство кое ќе се игра во 2025 година.

Македонија ќе игра со Фарски Острови, а првиот натпревар е на гости во Торшавн. ЕХФ одлучи во градот на Фараните да судат Германките Мајке Мерц и Тања Кутлер. Дуелот се игра на 8 мај.

Реваншот во Скопје, пак, е закажан на 12 мај во СЦ „Борис Трајковски", а на овој дуел правдата ќе ја делат Курсат Ердоган и Ибрахим Оздениз од Турција.

Победникот од овој двомеч ќе обезбеди место во групната фаза на СП 2025.

Share