Лазаров: Задоволен сум од прикажаното и ангажманот на двата натпревари
Македонската ракометна репрезентација го доживеа вториот пораз од Романија, која денеска беше подобра со 28:24 (15:10). И во петокот двете репрезентации играа пријателски меч, а тогаш Романците победија со 32:27.
Селекторот, Кирил Лазаров со свое видување за двата пријателски натпревари против Романија во Браила.
„Ја искористивме максимално ЕХФ неделата да одиграме два пријателски натпревари со Романија на гостински терен која исто така се подготвува за бараж натпреварот против Чешка во мај. Во недостаток на повеќе од половина стандарден тим, од оправдани причини, шанса дадовме на нови играчи кои се дебитанти или имаат лимитирана улога во националниот тим во нормална ситуација. Вакви натпревари се од голема важност да се види на кого може да се рачуна во ваков тип на тешки натпревари поготово на гостински терен.
Се надевам дека за баражот во мај ќе се комплетираме и ќе се подготвиме да одиграме квалитетен бараж натпревар бидејќи не очекува сериозен противник за пласман на Светското првенство. Задоволен сум од желбата, ангажманот и односот на овие два натпревари од целиот тим", вели Лазаров.
Следната репрезентативна активност е двомечот од баражот за Светското првенство против Фарски Острови во мај годинава.