hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: Романија е добар тест пред баражот против Фарски Острови

kire romanija press

Македонската машка ракометна репрезентација, попладнево ја имаше првата прозивка за ЕХФ неделата и со тоа е означен стартот на подготовките за пријателските мечеви на гостински терен против Романија на 15 и 16 март. Најновата лоша вест за селекторот Кирил Лазаров е дека за двомечот со Романците, нема да може да смета ни на Филип Кузмановски, со кого се прошири листата на отсутни. Од претходно, познато беше дека со Романија нема да играат ни Никола Митревски, Ненад Костески, Томислав Јагуриновски, а веројатно ќе ги нема ни Павле Атанасијевиќ ни Милан Лазаревски.

„Млади и перспективни ракометари ќе добијат минутажа и ќе стекнат искуство за тоа што ни следи во блиска иднина. Романија е квалитетна репрезентација, има промена на селекторот и очекувам мотивиран противник.

Играме на романско тло и добро е нашите момци да се навикнуваат да играат на гостински терен. Барав како селектор оваа ЕХФ недела да ја искористиме и да играме во гости, затоа што и првиот натпревар против Фарски Острови го играме во гости. Хендикепирани сме затоа што повеќе од носителите не се со нас. Треба да утврдиме како е Милан Лазаревски, Утрово во телефонски разговор ми потврди дека добро се чуствува. Шанса ќе добијат млади играчи и добро ќе ни дојдат овие два натпревари.

Засега остануваме седумнаесет играчи, размислувам за уште едно-две нови имиња, но ќе одлучам по денешниот тренинг", рече Лазаров.

Дополнително е повикано крилото Давид Савревски, а не е исклучено Лазаров да повика уште некој играч.

Share