Maкедонската ракометна репрезентација во ЕХФ неделата ќе одигра два пријателски натпревари против селекцијата на Романија, а за овој двомеч селекторот Кирил Лазаров нема да може да смета на еден од нашите најдобри ракометари, Филип Кузмановски.
Денес Лазаров ги собра ракометарите во подготовките за овој двомеч во кој ќе мораме да бидеме без Кузамновски.
Покрај Кумзановски потврдено е и отсуството на Ненад Костески и Томислав Јагуриновски, додека неизвесни се Милан Лазаревски и Павле Атанасијевиќ. Дополнително е повикан десниот бек Давид Савревски.
Македонија против Романија ќе игра на 15. и 16. март во Браилa.