Македонија во вториот шешир пред ждрепката во евро-квалификациите
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја закажа ждрепката за Европското првенство 2026 година во Шведска, Норвешка и Данска. Во квалификациите за Европското првенство (ЕП) ќе настапат 32 репрезентации, а при ждрепката ќе бидат формирани осум групи по четири селекции.
Секој од тимовите вкупно шест натпревари, при што најдобрите две екипи од секоја група ќе обезбедат пласман на турнирот, а таму друштво ќе им прават и четири од осумте третопласирани селекции.
Ждрепка за Европското првенство 2026 година:
Шешир 1:
Хрватска, Исланд, Словенија, Шпанија, Германија, Унгарија, Португалија, Холандија
Шешир 2:
Македонија, Грција, Фарски Острови, Полска, Чешка, Србија, Црна Гора, Австрија
Шешир 3:
Украина, Белгија, Италија, Словачка, Романија, Литванија, Швајцарија, Босна и Херцеговина
Шешир 4:
Косово, Луксембург, Естонија, Финска, Турција, Израел, Грузија, Летонија
Ждрепката ќе се одржи на 21 март од 16:30 часот во Копенхаген.