hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Добивме неатрактивен, но квалитетен противник

423006885 717967327131736 232762610896922491 n

Македонската ракометна репрезентација на денешната ждрепка во „Ланксес Арената" за противник во баражот за Светското првенство ја доби селекцијата на Фарски Острови. Нашиот следен противник е една квалитетна селекција која на ова Европско првенство беше најпријатното изненадување и оствари одлични резултати. Свесен за квалитетот на Фарски Острови секако е и селекторот Кирил Лазаров.

„Добивме еден од помалку посакуваните противници во баражот. И покрај ова ние ќе влеземе како фаворити и тоа треба да го искористиме.

Фарски Острови е селекција која е во подем, играат брз ракомет, има играчи кои играат во Бундес-лигата и нивната игра се темели на квалитетите на тие играчи. Доколку бевме од другата во ждрепката и го добиевме овој противник, секако дека ќе бевме задоволни. Треба да се подготвиме за нив и да го продолжиме континуитетот на пласман на големите натпреварувања", изјави Лазаров.

Првиот натпревар го играме на 8/9 мај во Торшван, додека реваншот е во Скопје на 11/12 мај. Победникот од двомечот заедно со победниците од останатите парови обезбедува место на Мундијалот.

Share