Најдобрата ракометна репрезентација на Македонија го доби противникот во баражот за пласман на Светскиот шампионат во 2025 година. Противник на „црвено-жолтите" во мундијалскиот бараж ќе биде незгодната селекција на Фарски Острови. Нашите најдобри ракометари на првиот бараж дуел кој е на програмата на 8 мај ќе гостуваат на теренот на Фарски Острови, а реваншот се игра четири дена подоцна во Македонија.
Пред избраниците на селекторот Кирил Лазаров е сериозен ривал чија селекција е во значителен подем. Фарски острови за првпат годинава учествуваа на едно големо натпреварувања, Европскиот шампионатот во Германија.
Домаќини на Светското првенство во 2025 година се Данска, Хрватска и Норвешка.