hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Македонија носител во баражот за СП 2025!

zare ep

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги потврди деталите околу баражот за СП 2025, кое ќе се одигра во Хрватска, Шведска и Данска.

Во пресрет на завршното коло од втората рунда на ЕП 2024, кога веќе е познато дека Данска и Шведска ќе играат во полуфиналето, челниците на Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги потврдија деталите околу баражот за СП 2025, кое ќе се одигра во Хрватска, Шведска и Данска.

Како што е веќе објавено, Македонија со победата над Швајцарија во последното коло од прелиминарниот круг на ЕП избори пласман меѓу најдобрите 17 селекции на континенталниот собир, што значи место во првиот барабан при ждрепката за двомечот што ќе одлучи кои селекции ќе играат на следниот Мундијал. Овие натпревари ќе се одиграат во периодот помеѓу 8 и 12 мај, додека противникот ќе го дознаеме на 27 јануари, за кога е закажана ждрепката на двојките.

ЕХФ истовремено објави дека Франција како домаќин и светскиот првак Данска имаат директни визи за ЛОИ 2024 во Париз, додека според пласманот на ланското СП место во олимписките квалификации веќе имаат обезбедено Шпанија, Шведска, Германија, Норвешка и Унгарија. Остануваат уште две места за најдобрите од ЕП 2024 надвор од споменатите селекции, додека Хрватска и Словенија се на листа на чекање од Мундијалот и би влетале во квалификациите во случај една од петте погоре споменати селекции има најдобар пласман во Германија без да се земат в предвид репрезентациите на Франција и на Данска.

МОЖНИ РИВАЛИ НА МАКЕДОНИЈА ВО БАРАЖОТ: Грузија, Србија, Фарски Острови, Швајцарија, Романија, Грција, Босна и Херцеговина, Белгија или Италија, Естонија или Украина, Финска или Литванија, Словачка или Луксембург/Израел.

Share