hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Шведски судии ќе го водат дуелот Македонија - Франција

kurtagic

Европската ракометна асоцијација (ЕХФ) официјално ги делегираше судиите кои ќе ја делат правдата на првиот натпревар на македонската репрезентација, која во првото коло од Европското првенство ќе се сретне со фаворизираната Франција.

Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик од Шведска ќе им судат на најдобрите македонски и француски ракометари. Момците на селекторот Кирил Лазаров ќе имаат исклучително тешка задача против трикратниот европски шампион, но сигурно нема однапред да се предадат на преполната „Меркур Шпил Арена" во Дизелдорф, каде се очекуваат околу 55.000 гледачи.

Првиот натпревар од Европското првенство помеѓу Македонија и Франција е закажан за десетти јануари, со почеток во 18:00 часот.

Share