hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Лазаров: Играме на големата сцена, не смееме да потфрлиме пред 50.000 луѓе

1704802295987

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров беше достапен за медиумите на денешниот брифинг. Тие го запрашаа за националниот тим и подготвеноста на Македонија за тешкиот предизвик против Франција.

Лазаров рече дека стручниот штаб работел на менталната подготовка на играчите и вети дека момчињата ќе дадат сѐ од себе за добар настап на Европското првенство, a се присети и на неговите први појавувања на завршните турнири во Лигата на шампионите.

„Голема е честа за сите нас да бидеме дел од тој историски натпревар, да играме пред 55.000 навивачи, што секако ќе биде голем мотив за нашите ракометари. Тоа е одлично за ракометниот спорт, за сето она што се обидуваме да го направиме за да се приближиме до кошарката, а ако некој знае како сето тоа да го организира, тоа секако се Германците. Едвај го чекаме почетокот на тој натпревар, против себе имаме неверојатна силна репрезентација, но ние ќе настојуваме да се прикажеме во добро.светло", изјави Лазаров.

Нашиот предводник својата професионална кариера ја заврши во Франција и добро го познава нашиот прв противник на првенството.

„Јас искрено сум презадоволен од тоа како момците во работеа во целиот овој период. Да, утре играме со Франција, знаеме каков индивидуален и колективен квалитет поседува овој ривал, но и да загубиме, важно е да излеземе на терен и да се бориме, да изгледаме сплотени, да покажеме дека имаме потенцијал на сериозна репрезентација. Оние 55.000 луѓе на трибините ќе сакаат да видат спектакл, ние не смееме да потфрлиме. Ако има борба, ако има страст, ако нема предавање, верувам дека нема да ги разочараме и нашите навивачи", оптимист е Лазаров околу карактерот на својот национален тим.

Дуелот меѓу Македонија и Франција ќе го водат шведските судии Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик.

Share