Репрезентацијата пристигна во Дизелдорф, момците на Лазаров го одработија првиот тренинг
Најдобрата македонска ракометна репрезентација пристигна во Дизелдорф, каде што в среда од 18.00 часот во „Меркур Шпил Арена" во рамките од групата „А" ќе го има првиот натпревар против Франција на Европското првенство.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров веќе го одработија и првиот тренинг пред настапите во прелиминарната фаза во која ќе ги одмерат силите и против Германија и Швајцарија. Подготовките пред да отпатуваат за Диселдорф, нашите најдобри ракометари ги имаат во Стара Пазова и Скопје.
Покрај тренинзите, беа одиграни и три контролни мечеви во кои триумфиравме, еднаш против Црна Гора и два пати над Грција, кои исто така се учесници на Европското првенство.
Инаку, Лазаров во својот национален тим за дуелите на Европското првенство повика 18 играчи.