hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Познат финалниот список, Македонија со осумнаеесет ракометари патува за Германија

finalen spisok

Последните контролни натпревари со Грција беа одиграни, па селекторот Кирил Лазаро ја разреши и последната дилема околу списокот на патници за Германија, за настап во репрезентативниот дрес на ЕП 2024.

Македонската експедиција ќе брои осумнаесет ракометари: Никола Митревски (капитен), Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Никола Маркоски, Жарко Пешевски, Милан Лазаревски, Едвин Омерагиќ, Ненад Костески, Никола Костески, Петар Атанасијевиќ, Филип Талески, Филип Кузмановски, Томислав Јагуриновски, Мартин Велковски, Давид Савревски, Иван Џонов, Марко Митев и Игор Ѓорѓиев.

Со авионски лет в понеделник наутро македонсиата репрезентација го почнува својот турнир. Нашиот национален тим го продолжи континуиетот на големите натпреварувања и на ЕП 2024 ќе игра против селекциите на Франција, Германија и Швајцарија. Еврошампионатот избраниците на Лазаров го започнуваат на 10 јануари со Франција, а потоа следат Германија (14 јануари) и Швајцарија (16 јануари).

Share