hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Втора победа во два дена за македонските ракометари против Грција

415495624 704733208455148 2021489135410682476 n

Македонија - Грција 29:28 (15:13)

Ракометната репрезентација на Македонија со 29:28 (15:13) славеше против Грција на вториот пријателски натпревар кој се играше во салата „Борис Трајковски". За разлика од вчерашниот меч кој го добивме со 33:30, oвој дуел беше поизедначен. Денешниот натпревар беше од затворен карактер, без публика и медиуми.

За Македонија ова беше и последниот тест меч пред заминувањето на Европското првенство.

Македонија првиот натпревар го игра на 10 јануари против Франција, четири дена подоцна играме против Германија, а во последното коло од групната фаза се среќаваме со Швајцарија на 16 ануари.

Share