hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Годината почна со победа, Македонија подобра од Грција во првиот од двата теста

415933724 704733168455152 1107862278230023001 n

Македонија - Грција 33:30 (18:15)

Во првиот од двата контролни натпревари македонската сениорска машка ракометна репрезентација во СЦ „Борис Трајковски" – Скопје ја совлада Грција со 33:30 (18:15).

После првите триесет минути нашите најдобри ракометари исто така имаа три голови разлика (18:15). Највисоката позитива македонската селекција во текот на натпреварот ја стекна во текот на вториот дел кога изнесуваше +7 (26:19). Тоа беше втор тест за избраниците на селекторот Кирил Лазаров во подготовките за настапот на Европското првенство во Германија.

Во денешниот дуел најефикасен во нашите редови беше Лазаревски со осум голови, два помалку запиша Ненад Костески. Голманот Митревски придонесе во триумфот со осум одбрани. На спротивната страна прв стрелец беше Палијапас со девет постигнати голови. Како што е најавено, од затворен тип ќе биде утрешниот втор пријателски меч меѓу Македонија и Грција. Во составот на Лазаров недостасуваа Никола Маркоски Маркоски поради повреда и Жарко Пешевски поради болест.

Share