hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Играчите беа одлични, резултатот не беше важен

lazarov izjava

Македонската ракометна сениорска репрезентација славеше над Црна Гора (39:37) во контролниот натпревар како дел од подготовките пред настапот на Европското првенство.

Лазаров за денешниот натпревар кажа дека резултатот не беше во преден план, туку идејата е да се спроведе сето тоа она што се работи на тренинзите:

„Одлична проверка за нашиот национален тим со сериозен противник кој располага со одлични играчи кои играат во одлични клубови. Резултатот на мечот воопшто не беше важен, идејата беше да го спроведеме сето она што го работевме на подготовките. Момците денеска беа одлични, особено во борбеноста и нивната желба со која влегоа на овој пријателски натпревар. Играчите ќе добијат заслужен одмор. Со работа продолжуваме на 2 јануари", рече Лазаров по мечот со Црна Гора.

Следуваат неколку дена пауза, а на вториот јануари како што најави селекторот ќе почне вториот дел од подготовките во кои ќе се одиграат уште два тест мечеви против Грција во Скопје.

Share