Македонската ракометна легенда, Кирил Лазаров стави крај на кариерата, а според бројките може да се заклучи дека е најдобар стрелец во Европа во последните дваесет сезони.
Македонскиот ракометар постигна 1.569 голови во кариерата и е на првата позиција, додека на второ место е Никола Карабатиќ од ПСЖ со 1.143 погодоци.
Лазаров е носител на многи рекорди и со клубовите за кои играше и со националната репрезентација и уште долго време ќе остане недостижен за врвната конкуренција во светскиот ракомет.