Македонија од вториот шешир ја чека мундијалската ждрепка
Македонската машка ракометна репрезентација на втори јули ќе ги дознае противниците во групната фаза на Светското првенство во Полска и Шведска во 2023 година. Во главна улога ќе бидат поранешните ѕвезди Славомир Шмал и Магнус Висландер кои ќе бидат задолжени за извлекувањето.
Македонија е класифицирана во вториот шешир.
шешир 1:
Данска, Шведска, Норвешка, Франција, Шпанија, Исланд, Германија, Африка 1
шешир 2:
Хрватска, Катар, Белгија, Португалија, Бразил, Црна Гора, Полска, Македонија
шешир 3:
Србија, Унгарија, Аргентина, Бахреин, Саудиска Арабија, Африка 2, Чиле, Африка 3
шешир 4:
Уругвај, Африка 4, Африка 5, Иран, Јужна Кореја, Северна Америка и Кариби 1, вајлд карта 1, вајлд карта 2
Домаќините на СП, Полска и Шведска, веќе распределија дел од репрезентациите што имаат обезбедено мундијалски билет по градовите домаќини.
Шпанија и Норвешка ќе играат во Краков, додека Полска во Катовице. Шведска ќе игра во Гетеборг, додека Данска во Малме. Исланд е домаќин во Јончепинг, Германија во Катовице, додека Хрватска ќе игра во Кристијанштад. Мундијалот во Полска и Шведска ќе се игра од 11 до 29 јануари.
група А (Краков) – Шпанија
група Б (Катовице) – Полска, Франција/Африка 1
група Ц (Гетеборг) – Шведска
група Д (Јончепинг) – Исланд
група Е (Катовице) – Германија
група Ф (Краков) – Норвешка
група Г (Кристијанштад) – Хрватска, Франција/Африка 1
група Х (Малме) – Данска