hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

„Кралот“ Лазаров испратен во пензија со кралски престол и круна на главата!

lazarov kral

Нант му укажа голема чест на најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров во неговиот последен меч пред тамошната публика, одигран против Тулуз во 30. коло од француското првенство. Финалните 32:18 отсликуваат дека натпреварот беше целосно нерамноправен.

По средбата Лазаров со круна на главата седна на специјално подготвен престол, а круни имаа и навивачите на трибините, при што легендарниот бек беше поздравен со овации. Потоа гледачите слушнаа како Лазаров во пензија го испраќаат неговите пријатели, поранешни тренери, соиграчи, братот Филип...

Лазаров ќе ја заврши професионалната играчка кариера во финалето на Купот на Франција против ПСЖ, кое се игра в сабота.

Share