hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант со минимална победа патува на реваншот во Берлин

nant - berlin

Нант - Фуксе Берлин 25:24 (10:12)

Очигледно до последните секунди од возвратниот натпревар против Фуксе Берлин нема да се знае иднината на Нант вп Европската лига. Екипата на Кирил Лазаров впиша минимална победа на домашен терен со 25:24 (10:12) во осминафиналето од ЕХФ Европската лига. Дуелот беше многу неизвесен и покрај тоа што гостите имаа предност на полувремето од 10:12, во продолжението Нант успеа да стигне до победа и да патува на гостувањето со гол позитива.

Лазаров постигна еден погодок на овој дуел. Најефикасен играч на дуелот беше Линдберг од редовите на Фуксе Берлин со седум, додека шест гола даде Валеро Ривера од Нант.

Спортинг Лисабон и Магдебург одиграа нерешено 29:29, иако на полувреме домашниот тим водеше 16:13. Победникот од овој дуел ќе игра во четвртфиналето со поуспешниот од двомечот Фуксе Берлин - Нант.

Share