hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров постигна пет гола, Нант го надигра Шартр

lazarov sartr

Нант - Шартр 40:36 (19:21)

Продолжува победничката серија на Нант во домашниот шампионат на домашен терен. Ракометарите на Алберто Ентрериос ја запишаа шеснаесеттата победа во Лидл Старлигата во Франција, откако на свој терен го совладаа Шартр со 40-36 (19-21).


Кирил Лазаров имаше солиден настап, постигнувајќи пет погодоци, со што беше меѓу најкорисните во својот тим.

Шартр имаше активен резултат и го водеше фаворитот, па дури и на пауза замина со водство од 19:21. Сепак, Нант заигра атомски ракомет, во вториот дел беше подобар со 21:15 и сосема заслужено се радуваше на крајот.

Најефикасен играч на средбата беше Сергеј Онуфриенко од Шартр со десет погодоци, а еден помалку даде Валеро Ривера. По шест пати стрелаа Пешмалбек и Димитров, додека Лазаров запре на пет гола.

Share