hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант засили во вториот дел и го елиминира Данкерк од Купот на Франција

лазаров куп

Данкерк - Нант 29:38 (20:18)

По освојувањето на Лига Купот и пласманот во осминафиналето на ЕХФ Лига Европа, ракометарите на Нант обезбедија пласман и во четвртфиналето на Купот на Франција. Екипата на Кирил Лазаров славеше на гостувањето кај Данкерк со 29:38 и пласираа во следната рунда, со што се доближи до уште една завршница и можност за освојување на трофеј.

Данкерк беше одличен во првото полувреме и на одмор замина со резултат 20:18. Сепак, Нант успеа да направи пресврт и да стигне до победата и пласман во четвртфиналето. Лазаров постигна три гола, а повторно блесна Валеро Ривера со седум гола. Големи заслуги за победата имаше голманот Емил Нилсен со десет интервенции.

Четвртфинале на Купот на Франција изборија и екипите на Шарт, Тулуз и Екс ан Прованс.

Share