hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Не е лесно со 42 години да се одигра цел натпревар!

lazarov izjava

Македонската ракометна репрезентација се пласираше во вториот бараж за пласман на Светското првенство 2023 година во Полска и Шведска. И покрај поразот од Романија со 24:22 „црвено-жолтите" си закажаа двобој со Чешка во април.

Селекторот на репрезнентацијата, Кирил Лазаров вели дека не одиграле тие толку лошо, колку што селекторот на Романија, Чави Пасквал поставил неверојатна одбрана која ја играл своевремено и во Барселона.

„Пасквал со ништо не ме изненади, одбраната ми беше позната од Барселона, но и покрај тоа ни беше тешко да поставиме напад. Голема работа е што ја минавме Романија, тоа е сериозна репрезентација со многу сериозен тренер, кој знае што сака. Не бевме ние толку лоши колку што беа тие добри дефанзивно. Треба да направиме анализа што беше добро, што лошо. За три недели нè чека двобој со Чешка. Мислам дека сме на добар пат. Најважно е сега да се мобилизираме бидејќи се работи за Македонија и за спортот број еден во државата, да го одржиме континуитетот и со неколку искусни играчи да ја направиме таа промена на генерации", вели Лазаров.

Отсуството на неколку ракометари го „примора" селекторот Лазаров да ги одигра сите 60 минути во Букурешт.

„Немавме алтернатива на мојата позиција и знаев дека ќе го одиграм цел меч. Направив многу грешки, но на 42 години не е лесно да се одиграа шеесет минути. Мечот можеби не беше убав за око натпреварот, но така требаше да одиграме. Некои момци се скаменија поради атмосферата и не беа полетни и расположени, но мора да се држиме на нашиот систем без разлика како е во салата. Најважно, сепак, е пто ја остваривме целта", дополни Лазаров.

На 13 и 17 апрл против Чешка нашите ракометари ќе водат голема битка за пласман на Светското првенство.

Share