Македонската ракометна репрезентација ги започна подготовките за баражот против Романија за пласман на Светското првенство во 2023 година.
Романците ни се прва пречка на патот до мундијалот, противник кој не смее да се потцени, но и прецени без разлика што на клупата го имаат трофејниот шпански стручњак Хави Пасквал.
Првиот натпревар од бараж битката се игра во Скопје на 17 март во 19:00 часот, додека реваншот е на 19 март во Букурешт.