Нант немоќен против лидерот, Лазаров со три гола против ПСЖ
ПСЖ - Нант 34:28 (19:15)
Ракометарите на Нант го претрпеа првиот пораз во домашното првенство во 2022 година. Лидерот ПСЖ продолжува максимално во домашното првенство и ја забележ својата дваесетта победа од исто толку натпревари. Во дербито од 20. коло „светдците" на домашен терен славеа над Нант и Лазаров со 34:28.
Од стартот парижани не си дозволија изненадувања, имаа резултатска контрола и беа во добра позиција. На полувреме водеа со четири гола предност (19:15), а, иако Нант се обидуваше да се врати во продолжението, немаше сили. На крајот ПСЖ победи со шест гола предност во однос на ривалот.
Кире Лазаров успеа да постигне три гола, а играч на натпреварот бил голманот на „светците" Венсан Жерар кој имал дури 18 одбрани. ПСЖ е суверен лидер, а Нант и покрај поразот најдобро стои во борбата за второто место.
Лазаров веднаш патува за Македонија, да се приклучи на националната репрезентација пред бараж двомечот против Романија.