hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Луда последна минута, Нант пораз претвори во реми

nant - tuluz1

Тулуз - Нант 29:29 (13:14)

Неверојатната недела за Нант е заокружена со реми во домашниот шампионат и тоа на незгодното гостување кај Тулуз. Освоениот бод добива на тежина, бидејќи на 60 секунди до крајот беше три гола предноста за домаќините, но Лазаров и другарите се вратија до нерешен резултат. Нант и нашиот Кирил Лазаров ремизираа на гостувањето кај Тулуз, иако пред крајот домашните водеа со 29:26. Четвртфиналистот на Лигата на шампионите се врати и со головите на Балагер, Брие и Ривера стигна до бод.

Во првиот дел Нант играше одлично, дури и на одмор замина со предност од 13:14. Сепак, следеше мини-серија на домаќинот и Тулуз се одлепи на 20:17, а потоа и на 24:20. Сепак, Нант веруваше до крај во пресврт и со малку невнимание на домаќините стигна од 29:26 до 29:29.

Лазаров натпреварот го заврши со два постигнати гола и две асистенции. Најдобар кај Нант беше Ривера со осум гола. Кај Тулуз се истакнаа Илиќ и Борзас со по осум гола, а голманот Де Алмеида имаше 16 одбрани. Во следното коло Нант се среќава со ПСЖ, единствената непоразена екипа во шампионатот на Франција.

Share