hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нант го надигра Кретеј и се качува кон врвот на францускиот шампионат

nant - kretej

Нант - Кретеј 27.25 (15:11)

По ЕХФ неделата и репрезентативните обврски, на сцена се врати шампионатот на Франција во ракомет. Нант триумфираше против Кретеј со 27:25 (15:11) и го потврди добриот момент од почетокот на месецот.

Нант со добрата одбрана и лесните голови брзо се одлепи и стигна до 8:3 во 12. минута. Гостите реагираа и се вратија во поднослива негатива, па на одмор се замина со 15:11 за екипата на Алберто Ентрериос.

Кретеј неколку пати дојде до -1,-2 разлика во вториот дел, но немаше енергија за целосен пресврт, па загуби со 27:25. Кирил Лазаров постигна еден погодок, а Овничек и Пехмалбек со по четири гола беа најефикасни во победничкиот табор.

Нант чекори кон второто место, па по оваа победа сега со 22 бода е на делба од третото до петтото место со 22 бода.

Share