hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Убедлив пораз на македонската селекција на гостувањето во Алборг

данска - македонија

Данска - Македонија 37:21 (17:10)

Убедлив пораз на селекцијата на Македонија во реваншот во Алборг против светскиот првак Данска. Момците на селекторот Лазаров загубија со резултат 37:21 (17-10), откако Данците водеа во текот на сите 60 минути. Ова е прв пораз во квалификациите за македонскиот национален тим.

Целта на селекторот беше да види како ќе функционира репрезентацијата без него и без Миркуловски. Почетокот беше добар за нашите ракометари, во првата половина добро париравме, се играше гол за гол, не дозволивме поголема разлика на домаќинот, но како одминуваше времето до полувреме, Данска беше се поконкретна кон нашиот гол, па по повеќе наши технички грешки, на полувреме домаќините заминаа со предност од 17:10.

Македонија не успеа ни во вториот дел да парира добро, јасно беше дека Данска ја оправдува фаворитската улога, ја зголемуваше разликата во второто полувреме на крај запиша триумф со 16 гола разлика.

Најефикасни во нашиот состав беа Кузмановски со пет, Велковски и Пешевски запишаа по три погодоци, кај Данска се истакна Матијас Гитсел со седум гола.

На табелата по четвртото коло, Данска и Македонија имаат по шест бода, но светскиот првак има подобра гол-разлика на првото место.

Share