hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија без Стоилов на дуелот во Алборг против Данска

мкд за данска

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров направи измени во списокот на играчи кои ќе конкурираат за утрешниот дуел во Алборг против Данска во евроквалификациите.

Во Aлборг нема да патува повредениот Стојанче Стоилов, но повикани се Мартин Серафимов, Марко Кизиќ. Емилијан Ѓорѓиовски и Михаил Аларов, овие четворица не играа на мечот во Скопје.

Голмани: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ;

Крила: Дејан Манасков, Цветан Кузманоски, Гоце Георгиевски, Ненад Костески;

Кружни напаѓачи: Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Михаил Аларов;

Бекови: Мартин Серафимов, Мартин Велковски, Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски, Горан Крстевски, Игор Ѓоргиев, Филип Талески, Емилијан Ѓорговски, Михајло Младеновиќ.

Македонија денес во 16:00 часот со чартер лет заминува за Алборг каде утре во 16:00 часот ќе истрча против Данска.

Share