hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Верував во некои од оспоруваните ракометари

lazarov izjava

Ракометна Македонија е на „седмо небо" по победата од 33-29 против Данска во квалификациите за Европското првенство во 2022 година. По триумфот над светскиот првак Лазаров испрати јавна благодарност до сите кои му дале поддршка на стартот, а исто така потенцира дека нивните играчи играле херојски и им честита за големиот подвиг.

„Сакам да им се заблагодарам на моите играчи и соиграчи. Тие ги испочитуваа моите инструкции. Благодарност до мојот стручен тим, кој ми помогна да се подготвиме за овој натпревар. Иако ова е нов предизвик за мене и не е психолошки лесно, сепак чувствував позитивна енергија. Бев подготвен и на пораз, но најважно ми беше да го испочитуваме тоа што го договоривме. Имавме храброст да почнеме со генерација 96-98, верував во нив. Дел од ракометарите беа оспорувани, а можеби им треба и малку време да се кренат на психолошки план затоа што јас верувам во нив.Момците го испочитуваа тоа во 90%. Одигравме храбро. Јас сум цел живот напаѓач, но сите овие четири дена инсистирав на одбрана. Им беше смешно затоа што јас им велам да играме добра одбрана. Сепак, јас сум напаѓач и играм против квалитетни одбрани и знам што е тоа. Добриот резултат тргнува од одбраните. Среќен сум и горд за мене и цела Македонија затоа што со нас сме имале и лоши и добри моменти. Во моментов сум цврсто на земја, кажав и пред натпреварот дека се појавија двајца играчи кои заслужија да бидат меѓу овие 16, но немаше место. Сега да се наспиеме, да се одмориме и да видиме како ќе се подготвиме за мечот во Данска. Уште еднаш огромна благодарност до јавноста затоа што веруваше во нас. Ова е само почеток и јас знам што е спорт и го знам нашиот македонски менталитет. Најважно е да се пласираме, па за другото ќе размислуваме понатаму", рече по натпреварот Лазаров.

Овој подвиг е една од најголемите ракометни победи на нашата селекција на сите времиња. Ваков ракомет кој плени и одушевува може само да ја радува нацијата.

Share