hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Блескав настап на Лазаров, Нант поразен со гол во последната секунда

ElMXMYoWoAIwnTf

Лимож - Нант 32:31 (14:15)

По враќањето на терените, Нант одигра драматичен натпревар во Лимож и го претрпе првиот пораз во новата сезона во шампионатот на Франција. Тимот на Нант загуби на гостувањето кај составот на Лимож со минимални 32:31, со примен гол во последната секунда од натпреварот.

Лазаров одигра лидерски, постигна десет гола, но тоа ништо не помогна, бидејќи екипата беше целосно под нивото во играта во одбрана, прими многу голови и на крајот загуби со 32:31.

Нант водеше во првиот дел и со четири голови, но во финишот противникот дојде до +3. Сепак, Нант израмни преку Балагер на 31:31 на триесетина секунди до крајот. Во последниот напад Нант прими гол и Лимож, кој беше предводен од алжирскиот репрезентативец Бразиле со девет голови, се радуваше на голем триумф.

Share