hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Прекината сезоната во ЕХФ Купот

ehf cup

Европската ракометна федерација одлучи да го поништи натпреварувањето во ЕХФ Купот за сезоната 2019/20. Иако претходно беа одредени нови термини за доигрување на сезоната во летните месеци, според најновите информации, нема услови за натпреварување во јули и август.

Фуксе Берлин и Германија беа одредени за организација на завршниот турнир, најнапред на 23 и 24 мај, а потоа и на 29 и 30 август, но сега двата термини се недостапни. Организаторот одлучи сезонава натпреварувањето да нема победник.

Нант, каде што настапува капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров беше на прагот да ја мине групната фаза, но по одложувањето, таа опција е ирелевантна.

Новата сезона на европските купови предвидена е за септември и октомври 2020 година.

Share