hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

КЛ7 го победи и Аеродром и обезбеди место во плеј-офот

kl7-aerodrom-dekemvri-2019-1-2

Аеродром - КЛ7 30:37 (14:17)

Ракометарите на КЛ7 дојдоа до деветтата победа во Првата лига и со тоа се пласираа во плеј-оф завршницата. Во десетото коло новиот прволигаш ја совлада екипата на РК Аеродром по вторпат оваа сезона, овој пат како гостин со резултат 30:37.

Иако победата на крајот беше убедлива, сепак отпорот на домашната екипа беше скршен во последните десет минути од натпреварот.

Овој дуел започна со игра гол за гол, каде почетното водство го имаше екипата на РК Аеродром. Потоа следеше водство од 1:2 на гостите и шест израмнувања по ред. Пред самиот крај од првиот дел КЛ7 дојде во водство од пет погодоци разлика, 10:15, но домаќините се вратија во игра со серија од 4:2 и заминаа на полувреме со негатива од 14:17.

Во вториот дел ракометарите на КЛ7 на неколку пати се обидоа да се „одлепат", но Аеродром имаше одговор за гостинската игра. Тоа траеше се до 50. минута кога со серија од 2:6 за гостите беше познат победникот на овој натпревар. На крајот конечниот резултат гласеше 30:37.

Со оваа победа КЛ7 се зацврсти на втората позиција со шест бодови повеќе од третопласираниот Богданци, екипа која в недела од 12:00 часот ќе се соочи со КЛ7.

Аеродром – КЛ7 30:37 (14:17)

КЛ7: Богдановски 1, Џигероски 5, Трајкоски, Стојков 7, Крстески, Цветаноски 1, Миленков, Даев, Ѓоргиев 5, Петрески, Каковски 1, Симоноски 3, Илиески, Павлов, Димовски 9, Гучески 5

Седмерци: 3/4
Исклучувања: 10 минути

Share