hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

Феноменално прво полувреме, победа на Нант во Шартр

EFVeJuEXkAcaj0n

Шартр - Нант 28:38 (10:22)

Ракометарите на Нант запишаа нова победа во францускиот шампионат, откако полесно од предвиденото го совлада новиот прволигаш Шартр на гостински терен со 28:38 (10:22). Екипата на нашиот репрезентативен капитен фантастично го започна натпреварот, брзо дојде до огромна предноста и истата ја администрираше до самиот крај.

Најефикасни поединци во тимот на Алберто Ентрериос беа Ривера со осум и Кавалканти и Белегер со по пет гола. Одличен натпревар одигра и Лазаров, кој четири пати се запиша во листата на стрелците, а подели и неколку асистенции.

Победи во четвртото коло запишаа и останатите фаворити за титулата ПСЖ и Монпелје. Актуелниот првак е единствена екипа со максимален учинок, а зад него се Аикс (исто така непоразен) и Нант и Монпелје,

Во следното петто коло Нант пред своите гледачи го пречекува Трембле.