hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

Убедлива победа во Велес на дебито на КЛ7 во Првата лига

kl7pob

Дебитантот во Првата лига, екипата на КЛ7 полесно од очекувањата дојде до победа над минатогодишниот суперлигаш ГРК Борец среде Велес со резултат 13:35.

Домаќините отворија со водство од 1:0 и 2:1 и тоа беше се што направија во овој натпревар. За брзо време гостите го превзедоа водството и контролата на натпреварот, па веќе по 23 минути игра беше дури 11 погодоци предност односно 4:15. До крајот на првото полувреме предноста дојде до максимални 4:19.

Во вториот дел предноста продолжи да расте а на крајот стигна до максималните 22 погодоци разлика, 13:35.

ГРК Борец – КЛ7 13:35 ( 4:19)

КЛ7: Богдановски, Џигероски 3, Трајковски 2, Стојков 4, Крстевски 3, Цветаноски 3, Ѓоргиев 3, Петрески, Каковски, Симоноски 5, Василев 3, Илиески, Павлов 2, Димовски 5, Гучески 2

Седмерци: 4/4
Исклучувања: 4 минути

Во следното коло КЛ7 повторно гостува, овој пат кај екипата на Јехона.