Македонската ракометна репрезентација пред неколку дена ги дозна противниците за групната фаза од Европското првенство, играме против Чешка, Австрија и Украина.
Одреден е и распоредот, првиот натпревар го играме против Украина на 10 јануари со почеток од 20:30 часот.
Два дена подцна играме со Чешка во 18:15 часот, а во третото коло ќе се сретнеме со домаќинот Австрија на 14 јануари во 20:30 часот.
Првите две репрезентации од групата продолжуваат во главната фаза.