hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лесна победа против Понто Комбо, Нант стабилно втор во француската лига

54515903 2168347006545764 4160285247675564032 n

Нант - Понто Комбо 34:24 (21:9)

По серијата силни и исцрпувачки натпревари, екипата на Нант забележа еден лесен триумф во домашното првенство, откако пред своите гледачи го совлада тимот на Понто Комбо со десет голови разлика. Тјери Анти го изротира целиот ростер кој пред неколку дена одигра тежок натпревар во Германија кај Рајн Некар Левен и запиша значајни бодови во борбата за висок пласман.

Од стартот Лазаров и другарите стигнаа до +5 во 11. минута, па високи осум разлика на десет минути до одморот, а кога на семафорт стоеше +12 по првиот дел победникот беше решен. Вториот дел беше само формалност и европскиот вицешампион со половина гас запиша уште една победа.

Најефикасен поединец во победничкиот тим беа Турна со пет гола. Нашиот Кире Лазаров беше во групата на ракометари со четири постигнати погодоци. Голманот Бонефои собра осум интервенции.

Во поразениот тим на Понто Комбо најефикасен беше Никола Јукиќ со пет гола и голманот Кантагрел со 13 интервенции.

Нант сега има 32 бода и доцни само три бода зад лидерот ПСЖ, кој има и натпревар помалку.

 

Share