hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Голема победа во Шамбери, Нант се врати на второто место

nant - samberi 3

Шамбери – Нант 24:26 (14:14)

Кирил Лазаров и Нант брзо реагираа по поразот во дербито со ПСЖ и на гостувањето кај Шамбери запишаа победа од 24:26 и се вратија на втората позиција на табелата.

Во првиот дел целосно ривалите беа изедначени, неколку пати резултатот беше егал, а и на одмор ниту една екипа не однесе предност (14:14). Во вториот дел Кирил Лазаров и соиграчите за нијанса беа подобри од домаќините и брзо дојдоа до чувствителна предност.

При 20-25 на пет минути до крајот отпорот на Шамбери беше скршен и избраниците на Анти забележаа заслужена победа од 24:26. Најефикасни во домашниот табор беа,Турна со пет и Гурбиндо, кој мечот го заврши со четири гола. Нашиот Лазаров постигна два гола и со уште неколку додавања, помогна во значајниот триумф на европскиот вицешампион.

Нант в недела гостува во Данска кај Скјерн во рамките на 12. коло од Лигата на шампионите. Со Шамбери пак ќе се соочи во четвртфиналето на Купот на Франција.

Share