hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ПСЖ победник во француското дерби во ЛШ

kirepsg

Нант – ПСЖ 31:35 (15:18)

Француското дерби во рамките на 11. коло на Лигата на шампионите му припдна на ПСЖ, кој славеше во Нант со 31:35 и го задржа лидерското место во групата.

Дуелот започна во силно темпо и со брзи реализации од двете страни. Генсхајмер и Тофт Хансен со по два гола погодија за гостите, а Турна и Ниокас реплицираа за Нант. Во 14. минута првпат една од екипите се одлепи, откако Генсхајмер и Абало погодија контри за +4.

Ниту тајм-аутот на Анти не вроди со плод и Тофт Хансен и Абало го наполнија домашниот гол за огромни 6:13 на половина од првиот дел. Домаќините полека се созедоа и Лазаров и Ривера погодија за 11:14. Нант влезе во ритам, Лазаров постигна уште еден гол, а кога Белегер погоди од контранапад предноста на ПСЖ се истопи (15:16). Сепак, Хансен се погрижи првакот на Франција на одмор да замине со +3.

Белегер и Ниокас ги искористија техничките грешки и Нант во 36. минута намали на -1. Следеа две „бомби" на Хансен и одново момците на Раул поведоа со +3. Ривера и Лазаров одговараа, но разликата не се спушташе под три гола.

ПСЖ го одби и последниот напад на Нант и забележа важна гостинска победа од 31:35. Најефикасни поединци во тимот на Нант беа Лазаров и Ривера со по шест гола, а кај ПСЖ одличен натпревар одиграа Абало со седум и Хансен и Тофт Хансен со по шест гола.

Share