hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Започна „Операцијата 2020“, репрезентацијата се собра во Скопје

40940182890 30da636d79 b

Македонската ракометна репрезентација се собра во хотелот „Александар Палас" пред стартот на квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Раул Гонзалез ја одработи првата прозивка, а подоцна ќе следи и првиот тренинг. Репрезентацијата в среда патува за Битола каде и во четврток ќе се игра првиот дуел со Турција.

Битола по неколку години повторно ќе биде место каде нашаите ракометари ќе играат еден официјален натпревар. Најавите се дека салата „Боро Чурлевски" ќе биде исполнета до последното место и дека нашите играчи ќе имаат максимална поддршка. Цената на влезниците за дуелот е 150 денари.

В недела Македонија ќе гостува кај Грција, а натпреварот ќе се одигра во Кожани.

Share